Хрватскиот шампион Загреб не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако загуби на реваншот од Монпелје со 30:24 (14:14).
На првиот дуел од осминафиналето „плинарите“ одиграа одлично, а тогаш натпреварот во Загреб заврши без победник, 27:27.
Францускиот тим на денешниот дуел наиде на голем отпор, но во вториот дел успеа целосно да го надигра гостинот.
Монпелје за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори со екипата на Кил, кој во четвртфиналето се пласираше директно.
Келце лесно го мина ГОГ, за Ф4 ќе се бори против бранителот на титулата!