Данскиот вицепрвак Алборг објави на веб-страната дека за утре закажува прес-конференција за 12:30 часот заедно со легендарниот Микел Хансен.
Во поканата не е соопштено по кој повод се свикува прес-конференцијата, но јасно е дека ќе има некоја важна новост.
Хансен во моментов не настапува за Алборг поради повреда на препоните и се уште нема информации кога би можел да се врати на терените. Минатата сезона исто така ја пропушти во голем дел, бидејќи зема пауза од ракометот.
Тој најави дека ЕП 2024 во Германија веројатно е неговото последно, а голема дискусија се разви во Данска дали Хансен треба да добие повик за настап на ОИ.
Moжеби Хансен ќе објави крај на кариерата, евентуално продолжување на договорот со Алборг кој трае до 2025 или предвремен раскин. Но за што се работи, ќе биде познат утре.