Актуелниот тренер на Тримо Требње и селектор на Словениja, Урош Зорман, би можел да има нов предизвик во тренерската кариера.
Тој веќе четврта сезона го води Тримо, но според „Handball basse“ Зорман би можел да го преземе кормилото на Слован Љубљана.
Тимот од престолнината е неговиот матичен клуб и тоа што своевремено го најави по завршувањето на кариерата, би можело да се оствари.
„Мојот клуб е Слован. Целта ми е некогаш да се вратам и да го подигнам клубот на повисоко ниво“, изјави тогаш Зорман.
Слован во моментов е на деветтото место на табелата во словенечкото првенство, додека Тримо Требње имаше пол позиција во битката за титулата, но киксна на последниот дуел со Ормож и одигра реми, па сега Горење ако слави на двете заостанати средби може да го престигне.
Тримо е прв со 36 бода по 21 меч, Горење има 33 од 19 натпревари, додека Целје е трет со 33 бода но од 20 досега одиграни средби.