Хрватскиот интернационалец Сандро Обрановиќ во следната сезона ќе направи камбек во Швајцарија, но ќе настапува за друг клуб.
Левиот бек, кој може да игра и на позицијата среден бек, по привремениот ангажман во Кувајт, на лето ќе му се приклучи на амбициозниот Криенс Луцерн.
Раководството на Криенс Луцерн и Обрановиќ се договорија на соработка, која ќе биде со важност од три сезони.
31-годишниот ракометар минатата сезона потпиша за Кадетен Шафхаузен,требаше да остане најмалку до 2024, но двете страни во јануари спогодбено ја прекинаа соработката.
Искусниот лев бек во текот на 2015 година доби шанса во репрезентацијата на Хрватска, но по само два одиграни натпревари го загуби статусот на репрезентативец.
Во својата кариера настапуваше и за суперлигашот Нексе од Нашице, францускиот Шамбери и Мешков Брест од Белорусија.
Во Криенс Луцерн моментално настапуваат неговите сонародници, кружните напаѓачи Жељко Муса и Марин Шипиќ.