Охриѓани против Пролет го продолжија победничкиот поход

Ракометарите на Охрид со трите бодови се враќаат од гостувањето кај Пролет во Скопје откако славеа нова победа од 32-28. Во рамките на 5. коло од машката Суперлига гостите го бараа своето темпо во првите 20 минути, а откако го преземаа водството влегоа во посакуваниот ритам и ја одржуваа разликата од почетокот на вториот дел за на крај да запишат нова победа 32-28 (15-13) во Скопје.

По важните бодови на домашен терен од минатото коло, и победата над македонскиот вицепрвак, Охрид продолжи во победнички ритам откако во Скопје на гостувањето кај Пролет успеа да запише нова победа. Натпреварот започна во корист на домаќинот кој ја имаше иницијативата и резултатската предност речиси низ целиот прв дел од дуелот. Двете екипи беа изедначени на теренот, но Пролет ја диктираше играта и имаше минимално водство кое се искачи и до „плус два“, но надежта траеше до 23 минута. Финишот на првиот дел гостинските ракометари го искористија да се вратат во игра и да го вратат својот ритам на теренот. Затоа на крајот на првите триесет минути имаа предност од два погодока (13-15).

На почетокот на второто полувреме Охрид создаде капитал од три голови, кои успеа да ги сочува. До 40 минута Пролет се доближи на само гол негатива, но следеше нова низа на Охрид за највисоки „плус четири“ 20-24 на средина на вториот дел.
Разлика која домаќинот не успеа да ја стигне до крајот на натпреварот.
Во финишот Пролет успеа да намали дел од негативата, но не беше закана за бодовите на гостите. По шеесет одиграни минути Охрид прокнижи нови три бодови во македонскиот шампионат со победа од 32-28.

По овој натпревар и некомплетираното 5. коло во македонскиот шампионат Охрид со овие три бодови е на врвот на табелата заедно со македонскиот првак Еурофарм Пелистер кој има натпревар помалку. Пролет останува на седмата позиција.

Во наредното коло по ЕХФ неделата пред Охрид е нов предизвик, бидејќи го пречекува Вардар, додека Пролет е домаќин на незгодниот Тиквеш.

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ ОФ

ПозЕкипаGDНПРЛБ
18614130141
2-511430119
3-1301400140