Бутел во вториот дел ја запре Струга која даде само три гола за полувреме

Ракометарите на Бутел ја остварија првата победа во плејофот, и тоа со триумф од 20-13 на гости кај Струга. Клучно за триумфот на скопјани беше вториот дел во кој целосно го сопреа нападот на стружани. Тие постигнаа само три гола, наспроти деветте на Бутел, иако на полувреме предноста на гостите беше 11-10.

Сега Бутел, за момент ќе го прескокне Пролет на табелата, и ќе биде на 6. позиција барем додека се одигра дуелот со Охрид. Струга останува на последното место во плејфото, без освоен бод.

Наместо неизвесност до крај следуваше второ полувреме полно со грешки, и промашувања, а во таква игра на терен подобро се снајде Бутел. и во последните десет минути комплетно ја презедоа иницијативата и водството, па средбата испдна дури и доминантно, барем според резултатот.

Мерис Бошњак постигна два гола во вториот дел, а третиот го даде Тодор Јанкуловски. На спротивната страна во тоа полувреме со малку погодови, кај Бутел најмногу се истакнаа Стефан Крстевски со четири гола.

А во првото полувреме Струга имаше и водство во повеќе наврати, а Бутел израмнуваше. Но во последните минути од првиот дел гостите направија пресврт и поведоа со 10-9 што беше само второ нивно водство дотогаш. Потоа и првпат има „плус 2“ за 11-9. Струга веќе немаше сили да се држи.

Во меч со малку голови, најмногу голгетерските способности ги потврди Мерис Бошњак од Струга со седум гола, и Стефан Крстевски од Бутел кој даде еден помалку.

Во следното коло Струга му гостува на Еурофарм Пелистер, а Бутел е домаќин на Алкалоид.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140