Ракометарите на ПСЖ со победа го завршија настапот во групната фаза во Лигата на шампионите, откако на свој терен триумфираа против ПИК Сегед со 37:33.
Францускиот тим до победата дојде со подобрата игра во вторите 30 минути, а на полувреме резултатот беше 15:14 во корист за „светците“.
Одлична партија во дресот на ПСЖ имаше кружниот напаѓач Камил Шипжак, кој постигна десет погодоци. Кај поразениот табор се истакнаа Мигел Мартинс и Иманол Алустиза со по осум погодоци.
ПСЖ во групата А, во која се натпреваруваше и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, заврши на 3. позиција.
Избраниците на Раул Гонзалез на 14 одиграни натпревари остварија биланс од осум победи, пет порази и едно реми.
Сепак, третото место ПСЖ ги носи само во осминафиналето, додека директен пласман во четвртфиналето од спомената група обезбедија Кил и Алборг.