Десното крило Ненад Костески по само една минута го напушти теренот во Трондхајм, каде што Еурофарм Пелистер го игра натпреварот со Колстад.
Тој при еден обид да постигне погодок во домашната мрежа, незгодно доскокна и остана да лежи на теренот.
По кратка лекарска интервенција, Костески со помош на соиграчите го напушти теренот, но нејасно е за каква повреда се работи.
Дури и да не е нешто сериозно, веројатно нема да влегува во игра на овој натпревар, со оглед на тоа што пелистерци ги очекуваат многу поважни дуели во Супер лигата.