Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер му гостува на норвешкиот Колстад, а судиите доаѓаат од Литванија.
Станува збор за Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис, додека делегат е Фредрик Уд од Финска.
Натпреварот меѓу Колстад и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 18:45 часот, а двете екипи по овој меч ги завршуваат настапите за оваа сезона во елитното натпреварување.