🔴ВО ЖИВО🔴 Колстад – Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат последниот сезонски натпревар во Лигата на шампионите.

Избраниците на Бранко Ангеловски за ривал во последното, 14. коло од групниот сегмент во елитата го имаат Колстад.

Норвешкиот шампион на првиот натпревар против пелистерци обезбеди убедлив триумф од девет гола разлика, 31:22.

Пелистерци, кои на 13 одиграни натпревари не успеаја да освојат бод, токму во дуелот со Колстад ќе се обидат да ги освојат првите бодови во елитата.

Натпреварот меѓу Колстад и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.