Босанците веќе го имаат наследникот на Смајлагиќ

Ракометниот сојуз на БиХ е во потрага по нов селектор, откако спогодбено ја прекина соработката со довчерашниот предводник Ирфан Смајлагиќ.

Според пишувањата на „Спорт1.ба“, најсериозен кандидат за преземање на селекторската функција е актуелниот тренер на Грачаница, Дамир Доборац.

43-годишниот стратег со години работи во тимот на Грачаница и одлично ја води екипата во најсилното натпреварување во БиХ.

Потенцијалниот нов селектор во босанската репрезентација ја имаше функцијата помошен тренер и му беше десна рака на Смајлагиќ, па сосема очекувано е да ја добие довербата за нов селектор.

Грачаница во тековната сезона беше есенски шампион и сѐ уште има шанси да направи историски успех, односно да ја освои шампионската титула на домашна сцена.

БиХ за ривал во бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2025 ја има репрезентацијата на Португалија.

Ирфан Смајлагиќ повеќе не е селектор на БиХ