Двајцата македонски интернационалци Дејан Кукуловски и Никола Костески имаа одлични изданија на последните натпревари за нивните екипи во Чешка.
Брно на Кукуловски славеше на домашен терен со Маломерице во градскиот двобој со 26-21, а македонскиот лев бек беше најдобар стрелец со шест гола.
Плзен на Костески ја победи Дукла Прага со 38-37 во дербито на колото, а шампионот беше предводен од десното крило со осум погодоци.
Тимот на македонскиот репрезентативец е лидер на табелата со 40 бода, Брно е петти со 26, а во следното коло ќе се сретнат овие два тима во „мак двобој“ во Чешка.