Новакот во Женската лига лесно се справи со Деспина

Новакот во Женската лига – Металург Автокоманда продолжува според планираното и во натпревар од 15. коло на свој терен ја совлада Деспина со 33:16.

За Металург Автокоманда триумфот против Деспина беше 13-ти во дебитанската сезона, избраничките на Јулијана Дамчевска имаат само два порази.

Домаќинките беа доминантни во текот на сите 60 минути, додека гостинките немаа многу опции на располагање и капитулацијата ја најавија уште во првото полувреме.

Најефикасни во побендичката екипа беа Теодора Гулицоска со десет и Сара Миновска со осум погодоци. Кај Деспина прво име беше Магдалена Ѓорѓиоска со четири реализации.

Металург Автокоманда заедно со Чаир моментално се борат за втората позиција на табелата.

Тимот на Јулијана Дамчевска по ЕХФ паузата ќе има голем предизвик, бидејќи во 16. коло ќе му гостува на лидерот Ѓорче Петров.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080