МВП НА 1 КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – НАУМ КОСТОВ (КУМАНОВО)

Десното крило на Куманово, Наум Костов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на првото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

За членот на Куманово ова е второ МВП признание во тековната сезона, беше најкорисен играч и во првото коло од регуларниот дел, но како играч на Аеродорм.

Поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија со 13 погодоци го предводеше Куманово до убедлива победа над Вардар Неготино во првото коло од плеј-аут фазата.

Охриѓанецот немаше голема конкуренција на гласањето, освои околу 50% од гласовите на анкетата, додека второпласираниот Гоце Ојлески имаше около 22%

Номинирани за МВП на првото коло беа уште Филип Кузмановски, Томислав Квастек, Домен Тајник, Аби Обина и Урбан Лесјак.