Ракометарите на Прилеп во натпревар од првото коло од плеј-аут фазата на свој терен го совладаа Скопје со 33:24.
Прилепчани беа доминанти во текот на целиот натпревар и немаа поголеми проблеми за победнички да го отворат вториот дел од сезоната.
Кружниот напаѓач Томче Трајчевски вели дека пресудно за убедливата победа била добрата игра во одбрана и напад во првиот дел.
,,Пресудно за убедливата победа беше цврстата одбрана и лесните голови во првото полувреме, во кое ја направивме разликата и до крај го диктиравме темпото. Ривалот беше добро анализиран, тоа најмногу придонесе за победата, иако настапивме без двајца клучни ракометари, сепак, дојдовме до посакуваната победа и посакуваните бодови”, изјави Трајчевски.
Избраниците на Божидар Мојсов во второто коло од битката за опстанок ќе му гостуваат на Голден Арт, додека во третото коло ќе го пречекаат дебитантот Мулти Есенс.