Прилеп со победнички старт во битката за опстанок

Ракометарите на Прилеп со победа над Скопје со 32-24 го отворија настапот во суперлигашкиот плеј-аут. Домашните предноста ја направија во првото полувреме и во второто само рутински ја одржуваа без поголеми проблеми запишувајќи ги првите три бода во жестоката битка за опстанок што претстои во Супер Лигата.

Гостите одржуваа рамнотежа во првите десетина минути, а потоа се беше во знакот на прилепчани. Избраниците на Божидар Мојсов полека ја градеа предноста. Ангелески беше одличен на голот, а лесни голови беа постигнати од контранапади.

По 4-3, Прилеп се одлепи на плус три, 6-3, но Скопје врати преку некогашниот член на прилепчани, Давор Шокоски и намали на 7-6. Но оттогаш гостите не постигнаа гол цели осум минути.

За тоа време прилепчани казнуваа во контранапади, најчесто преку Рајатоски, и предноста се искачи на плус шест, 12-6. Слична беше ситуацијата на теренот и во продолжение, откако гoстинските грешки беа казнувани со лесни голови на Прилеп.

До крајот на полувремето беше и плус седум, 16-7, а момците на Оливер Димитриоски постигнаа уште еден гол за на пауза да се замине со 16-8. Во второто полувреме немаше многу возбудувања на теренот.

Беа ротирани повеќе ракометари од страна на двајцата стратези, но резултатот и позитивата за Прилеп не се променија, па домашните се израдуваа на првите три бода во битката за суперлигашки опстанок.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Владан Кастратовиќ со девет, како и Рајатоски и Цветаноски со по пет погодоци. Во составот на Скопје се истакна Шокоски со девет гола. Во следното коло Прилеп ќе гостува кај Голден Арт, додека Скопје ќе биде слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142