Селекцијата на Франција по четврти пат стана европски првак, откако во драматично финале по продолженија славеше против Данска со 33-31.
Еден од најзаслужните за победата на Франција беше Недим Ремили, кој беше прогласен за МВП на континенталниот собир.
Францускиот репрезентативец како фактор за освоената победата ја истакна подобрата игра во клучните моменти.
,,Можеби факт е тоа што го сакаме притисокот, но секако, нема да бидеме најдобриот тим во светот секоја минута на секој натпревар. Успеавме да одиграме добро во клучните моменти и тоа беше главната работа”, изјави Ремили.