Nikolaj JACOBSEN (coach), Final - France vs Denmark, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 28.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Јакобсен: Не сум љубител на сребрени медали!

Репрезентацијата на Данска не успеа да го освои златото на Европското првенство во Германија, откако во финалето загуби на продолженија од Франција со 33:31.

Актуелниот светски првак посакуваше европско злато, но „триколорите“ беа за нијанса подобри во продолженијата.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, по загубната битка со Франција го анализираше поразот и истакна дека не е љубител на среброто.

,,Не сум љубител на сребрените медали. Ова беше навистина еден тежок натпревар, се играше на едно високо ниво и двете репрезентации играа многу добро. Клучно е кога имате свои шанси, а не ги искористувате, поради тоа сега сме разочарани и тажни. Денес имавме свои шанси кои не ги искористивме и затоа Франција победи. Француската репрезентација беше малку подобра од нас во последните десет минути”,  изјави Јакобсен.

📷 Пранди со нова „бомба“ ги сруши Данците, Франција по четврти пат на тронот на Европа!