Данска загуби во финалето на Европското првенство во Германија од Франција со 33-31 по продолженија.
На доделувањето на медалите по завршувањето на мечот, данската легенда Микел Хансен, веднаш го симна од вратот сребрениот медал.
Данците многу го посакуваа европското злато, кое го немаат освоено од 2012 година, но за Хансен можеби ова беше последната шанса за тоа.
Тој најави дека ова е можеби последното ЕП за него, но со оглед на тоа што она во 2026 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, многу веројатно ќе добие шанса таму да ја заврши репрезентативната кариера.
Хансен досега во својата кариера има три светски злата и две светски бронзи, олимписко злато и сребро, како и европско злато, сребро и бронза.