Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер за вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе има нов капитен.
Станува збор за репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, кој ја прифати понудата од стручниот штаб да ја преземе одговорноста за најважниот дел од сезоната.
Во првиот дел од тековната сезона капитенската лента беше во рацете на кружниот напаѓач Жарко Пешевски.
Еурофарм Пелистер ја одработува последната фаза од подготовките за суперлигашкиот плеј-оф, како и за преостанатите натпревари од Лигата на шампионите.