Карачиќ: Против Франција на „нож“

Денеска ќе се играат првите натпревари од групата 1 од главната рунда на Европското првенство во Германија.

Селекцијата на Хрватска оди на мегдан на силната Франција, а средниот бек Игор Карачиќ вели дека против нив мора да се игра на „нож“.

„Против Французите мораме да играме „на нож“. Почнавме добро на турнирот, но кога ќе го погледнете, тоа е само вовед и добра увертира за она што ни претстои. Секој натпревар е како финале, нема лесен противник. Нашата група е неверојатна, но со нетрпение ја очекувам“, вели Карачиќ за „Индекс“.

Натпреварот меѓу Хрватска и Франција се игра вечерва со почеток во 18:00 часот во „Ланксес Арена“ во Келн.

Од оваа група денеска ќе играат домаќинот Германија против Исланд, како и Австрија против Унгарија.