Покрај Европското, Азиското и првенството на Средна и Јужна Америка, стартуваше и Африканскиот шампионат.
Во главниот град на Египет, Каиро, се одиграа натпреварите од првото коло во групната фаза.
Десниот бек на Тиквеш, Ани Обина, беше избран за МВП на натпреварот против Ангола, кој Нигерија несреќно го загуби со 26-24.
Обина постигна седум гола на овој натпревар, а нигерскиот селектор често играше и со два десни бека во напад, Фарук Јусуф од Гранољерс и Обина.
Иако Нигеријците водеа со 24-23, во последните три минути анголскиот голман им одбрани на два пати, па Ангола направи пресврт и славеше победа.
Покрај Ангола, Нигерија во групната фаза ќе игра уште против Тунис и Кенија.
Алжир, за кој брани пелистерецот Гедбан немаше проблеми и славеше стартна победа против Габон со 31-27.