Eвропската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за првите натпревари од групата 1 во главната рунда на ЕП.
Македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го има третиот предизвик на континетналниот собир во Германија.
Тие се делегирани да го судат натпреварот меѓу домаќинот Германија и селекцијата на Исланд, а делегати на ЕХФ ќе бидат Ојвинд Тогстад од Норвешка и Николае Визитиу од Молдавија.
Овој натпревар се игра во „Ланксес Арена“ во Келн со почеток во 20:30 часот, а со оглед на тоа дека е домаќинот во прашање, нема сомнеж дека слободни места на трибините нема да има.