Машката репрезентација на Македонија утре ја очекува последниот натпревар на Европското првенство во Германија.
Ривал на избраниците на Кире Лазаров е селекцијата на Швајцарија, која се уште има шанси за место во главната рунда.
Македонските репрезентативци денеска го одработија последниот тренинг пред мечот, имаа и видео анализа, па подготвени го чекаат двобојот со Швајцарците.
Овој дуел не е неважен ниту за Македонија, која со победа ќе го освои третото место во групата и скоро сигурно ќе биде во првиот шешир за баражот за СП 2025 година.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра утревечер во салата „Мерцедес Бенц Арена“ со почеток во 18:00 часот.