Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство 2024 во Германија, откако вечерва беше поразена од домашната селекција со 34:25 (13:8).
Голманот Мартин Томовски по завршениот дуел кратко го коментираше високиот пораз од домашната селекција.
,,Игравме пред одлична атмосфера, ракометарите на Германија се една машинерија, нѐ простуваат и секоја наша технички грешка ја казнуваа со гол. Го гледав дуелот на Швајцарија со Франција, навистина изгледаше една различна Швајцарија, одбраната им донесе нерешен резултат и одиграа одлично и во нападот. Во ова време што ни останува се надевам дека добро ќе ја анализираме Швајцарија и ќе се обидеме да направи нешто повеќе во тој дуел”, изјави Томовски.
Следен и последен дуел за репрезентацијата на Македонија ќе биде дуелот со Швајцарија, која денес одигра реми со Франција.
Втор пораз на ЕП: Домаќинот Германија пресилен за Македонија