Денес ќе биде потежок натпревар за нашата репрезентација, бидејќи ракометарите на Германија во последните шест години немаат забележителни резултати на три Европски првенства, сега играат на домашен терен и ќе дадат максимум на сите три натпревари, сите три натпревари ќе ги играат на максимум.
Во првото коло ја декласираа репрезентацијата на Швајцарија, која се надеваше дека ќе пружи некој отпор, но Германија покажа една квалитетена, агресивна 6-0 одбрана, одбрана која дозволи само 14 голови зад својот грб, така што очекувам да играат една цврста одбрана, сигурно ќе имаат голема поддршка, но ние треба да играме слободно, бидејќи нема што да загубиме, да го искористиме ова Европско првенство, најпрво да се средиме, да ја победиме репрезентацијата на Швајцарија во последното коло, тоа е битно за подобра позиција за бараж натпреварот кој следуваа во квалификациите за пласман на Светското првенство, ќе биде доста тешко, гледаме дека сите репрезентации во Европа почнаа да играат ракомет.
Германија ќе игра во сличен состав, како што објавија медиумите, нема да игра десниот бек Хаи Хафнер, на таа позиција ќе останат младиот Ренарс Усчинс и Кристоф Штајнерт. Очекуваме една агресивна одбрана од страна на Германија, одбрана 6-0, со излегување на 8-9 метри, ќе биде многу потешко да доаѓаме во позиција за гол, отколку што беше против Франција. Сигурен сум, но не и ни срамота да се одигра дел од натпреварот со 7 на 6 против репрезентацијата на Германија, бидејќи ќе биде многу тешко во нападот, физички се многу посилни, а ние имаме одлични пикери, кои можат да одиграат одлично во една ваква акција.
Не сме разочарани од изданието на ракометарите, меѓутоа секое првенство се надеваме да одиме чекор напред, сите даваме голема поддршка на репрезентацијата на Македонија, гледаме дека како никогаш досега сплотени сѐ и новинарската фела и ние, спортските работници. Очекуваме само нешто плус, само нешто позитивно, многу малку што би не задоволило. На ова ЕП се покажа дека одбраната игра важна улога и на тоа треба да работиме во понатамошниот период, да ја подобриме играта во одбраната. Како што реков, со доаѓањето на Лазаров, реализацијата ни е на едно завидно и позитивно ниво, но одбраната ни е многу лоша и катастрофална и во иднина би требало да размислуваме кои играчи и со какви физички предиспозиции ќе играат во репрезентацијата. Гледаме дека повеќе репрезентации менуваат максимум еден играч во одбрана-напад, тоа кај нас го заслужува Жарко Пешевски, кој е премногу квалитетен во напад, а во одбрана не може да одговори на барањата на селекторот и затоа се менува, но за другите играчи мора да се размислува да имаат предиспозиции да играат во два правци, бидејќи ракометот оди напред.
Многу квалитетни репрезентации на ова ЕП, репрезентации кои се квалитетни во напад и можат лесно да постигнуваат голови, многу внимание посветуваат на одбраната. На пример, германската репрезентација во првото коло прими само 14 голови, исто така и Данска, репрезентацијата на Шведска прими 20, додека Норвешка 21. Гледавме каква борба имаше во одбрана на натпреварот меѓу Исланд и Србија, пеколна одбрана, борба на максимум, значи мора да размислуваме на физички предиспозиции, а на тоа што не можеме да го постигнеме, се постигнува во одбрана со желба, срце, работа, квалитетни играчи, тоа може да го постигнеме со агресивност и удвојување, не велиме дека Германците и Французите можеме да ги задржиме еден на еден, но меѓутоа можеме да имаме побрзи нозе, да имаме движење, подлабока зона, удвојување, желба за одбрана, поостри прекршоци, како прво, треба да имаш знаење и желба за одбрана, без тоа немаш ништо, се надевам дека селекторот следи каде се движи ракометот, во дефанзивна смисла, и се надевам дека ќе направи се нашите играчи кои играат на позициите во одбраната да дадат максимум, да си помагаат еден на друг, без помош во таа агресивна 6-0 одбрана, тешко дека би постигнале некој резултат.
Сега ракометот оди на тој шпански систем, со квалитетни пикери, кои ги има Германија, како на пример Гола и Јустус Фишер, кога ќе излеземе на 5-1, нема да можеме да ги задржиме еден на еден во никој случај, одма отпадна таа варијанта и на натпреварот со Франција каде што Фабрегас, Турна и Лука Карабатиќ лесно ја решаваа таа 5-1 зона, мора на овие два последните натпревари, според мене, селекторот да проба да игра агресивна одбрана, со помагање, удвојување, да се игра квалитетно и со голема желба, кажав јас претходно кои играчи би сакал да играат во одбрана на средина, тоа е Талески, многу изгледаше добро тоа во Вардар, многу добро изгледаше во многу мал период на натпреварот во Франција, тука ѐ и искусниот Маркоски, кој има веќе години стаж во репрезентацијата и кој е претеѓно земен за одбрамбена зона, би сакал да го видам Филип Кузмановски малку повеќе да се потроши во одбрана на двојка, тука ѐ и Петар Атанасијевиќ, кој нема многу знаење, но има голема желба да игра во одбрана, на другата страна, двајцата играчи кои тотално разочараа во напад, Велковски и Јагуриновски, сигурно можеше да се потрошат повеќе во одбрана, треба да имаат желба за одбрана, тука ѐ и Савревски, кој не доби шанса во одбрана, но во клупските настапи покажа дека може да игра и во дефанзива. Се надевам дека ќе пружиме една подобра одбрана, мора да го намалиме бројот на примени голови, на претходните две првенства, како и во подготвителниот период, примивме многу голови.
Би рекол дека ова е трета смотра на повеќето репрезентативци на Македонија, така уиграноста не треба да биде доведена во прашање, значи мора да се намалат тие техничките грешки, а во однос на дисциплината, исто така имаше некоја недисциплина во нападот, знам дека Лазаров е строг тренер и знам дека ќе го реши тоа. Германија на овој натпревар е апсолутен фаворит, но се надевам на една подобра игра, нашите треба слободно да влезат во натпреварот, да дадат максимум и да изгорат на терен. Ние не разочаравме со Франција, но се надевам на подобра игра со Германија, посебно во дефанзивата а и се надевам дека добро ќе ја претставиме нашата држава.
Ова Европско првенство мора да го искористиме за да видиме до каде сме и мора да одиме барем еден чекор напред на секое големо натпреварување, гледаме дека е тешко да се обезбеди пласман на првенствата. Сега веќе сите играат ракомет, гледаме дека во кадетска конкуренција Швајцарија и Словачка започнаа да напредуваат, БиХ почна да игра на Европски првенства, исто така и Грузија и Грција, сите одат напред, се надевам дека и ние ќе одиме напред. За денешниот дуел на нашите момци им посакувам многу среќа, желба и знаење.
*Горан Андоновски е поранешен репрезентативец кој настапи за Македонија на првото учество на Европските првенства во Италија во 1998 година. Во играчката кариера настапуваше за Охрид, Преспа Јафа Промет со која играше во Лигата на шампионите, Пелистер, Вардар…Во тренерската кариера го водеше Охрид до место во Европа, а беше дел и од кавадаречки Тиквеш, пред да се врати во родниот град.