Португалски браќа ќе им делат правда на Македонија и Германија

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од втората рунда на ЕП.

Натпреварот меѓу Македонија и домаќинот Германија што ќе се игра вечерва ќе го судат португалски арбитри.

Станува збор за Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс, додека делегати на овој дуел ќе бидат Виктор Конопласти од Украина и Јан Кампман од Данска.

Дуелот меѓу Македонија и Германците ќе се игра од 20:30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“ од 20:30 часот.