Селекторот на Португалија, Пауло Переира, се соочува со големи проблеми пред настапот на Европското првенство во Германија.
Переира во однос на составот со кој настапи во подготвителната фаза, мораше да направи една промена.
На континенталниот собир нема да настапи клупскиот колега на Никола Митревски од Порто, кружниот напаѓач Дајмаро Салина, најверојатно искусниот ракометар има повреда.
За Португалија на Европското првенство нема да настапат ниту Виктор Итуриза, Фабио Магаљаеш и Андре Гомеш.
На местото на Салина дополнително е повикан Фабио Силва, кој пред извесен период не се најде на скратениот список за подготвителната фаза.
Португалија на Европското првенство за ривали ги има репрезентациите на Чешка, Грција и Данска.