Селекцијата на Швајцарија славеше против Словачка со 29-25 и обезбеди место на Европското првенство во Црна Гора.
Ова значи дека било каква победа на Македонија против Косово, па и реми, ќе ги однесе и нашите кадети на континенталниот собир.
Избраниците на Наум Танески славеа со 27-26 против Словачка, а загубија од Швајцарија со истиот резултат.
Швајцарија е прва на табелата со шест бода, Македонија и Словачка се на делба на втората позиција со по два бода, но нашата селекција има меч помалку.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра денеска во салата во Автокоманда со почеток во 15:00 часот.