Лазаров ќе носи 18 ракометари на ЕП, еве кој отпадна од комбинација

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, ги одбра ракометарите за настап на Европското првенство во Германија. Лазаров во текот од последната фаза од подготовките и на пријателските дуели со Грција ја провери формата на секој ракометар и одлучи кој да остане во Макеоднија

Од повиканите 19 ракометари, на континенталниот собир ќе патуваат 18 ракометари. Левото крило на Еурофарм Пелистер, Цветан Кузманоски, отпадна од комбинација за настап на континенталиот собир.

Тоа значи дека Кузманоски им се приклучува на осумте ракометари во резерви, кои може да се приклучат во националниот тим секој момент, доколку има потреба. Единствено лево крило ќе биде Петар Атанасијевиќ, а по потреба на таа позиција може да одговори и Иван Џонов

Нашата репрезентација се најде во тешка група на ЕП и ќе игра со велесилите Германија и Франција, како и против незгодната Швајцарија.

Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

Состав на Македонија за ЕП:

Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ.