Машката репрезентација на Македонија го игра првиот натпревар од двата пријателски против јужниот сосед пред стартот на Европското првенство.
На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу публиката се и двајцата репрезентативци кои до скоро го носеа македонскиот дрес – Стојанче Стоилов и Дејан Манасков.
Манасков не добива повиок од селекторот Кире Лазаров, додека Стоилов ја заврши играчката кариера и сега е во стручниот штаб на Вардар.
Македонија во првата средба пред ЕП славеше против Црна Гора со 54-51, а за утре останува уште „генералката“ против Грците. Нашата селекција е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.