Екипата на Прилеп во вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори да го сочува суперлигашкиот статус.
За остварување на целта, клубот го ангажираше првото засилување, левиот бек од Тиквеш, Ангелче Органџиев.
Во Прилеп пристигна и ракометарот од Бразил, Ерик Андраде, кој игра на позицијата лев и среден бек.
Бразилецот е на дополнителна проверка во Прилеп, ќе тренира со екипата и ќе има можност да ги покаже своите квалитети на предвидените пријателски натпревари.
Доколку младиот ракометар ги задоволи критериумите, тогаш Прилеп во вториот дел од сезоната ќе добие на ширина на бековските позиции.
На позицијата лев бек во Прилеп настапуваат уште Никола Цветаноски и перспективниот ракометар Филип Адамчески.