Преносите од ракометните натпревари на машката репрезентација на Исланд одново се на врвот на најгледаните спортски ТВ продукти.
Петта година по ред, преносите од ракометните натпревари на Исланд се погледани од сите останати спортски настани на националниот сервис во 2023 година.
На врвот е натпреварот меѓу Исланд и Унгарија од Светското првенство во Полска и Шведска во јануари и него го гледале повеќе од 51.6% од целиот ТВ аудиториум.
На второто место е дуелот меѓу Исланд и Шведска од истото натпреварување, кое го проследиле 51.3% од гледачите, додека третото место е за натпреварот меѓу Исланд и Португалија со околу 48.6% гледаност.