ТРИ ЅВЕЗДИ НА 13. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 13. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 13. коло, кое беше последно за првиот дел од тековната сезона, има по една ракометарка од Металург Автокоманда, Ѓорче Петров и Спартак.

За ѕвезда на колото може да гласате до сабота до 12:00 часот.

Женска лига, 13. коло, резултати:

Ѓорче Петров – Вардар 31:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Гевгелија 22:15 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Стружанка 32:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Куманово 24:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Пелистер 25:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Шампион 29:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Астибо 45:37 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 13. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Матеа Чурлиновска - Ѓорче Петров
42.98%
Мила Мемов - Спартак
41.57%
Теодора Гулицоска - Металург Автокоманда
15.45%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 13. КОЛО

Теодора Гулицоска (Металург Автокоманда) – Искусната ракометарка одигра на одлично ниво во дерби дуелот со вицепрвакот Куманово и со седум погодоци го водеше својот тим до важна победа.

Матеа Чурлиновска (Ѓорче Петров) – Младата голманка беше клучен фактор во победата на Ѓорче Петров против Вардар. Бранеше кога беше најпотребно, посебно во моментите кога се „кршеше“ резултатот.

Мила Мемов (Спартак) – Младиот тим на Спартак во 13. коло направи изненадување триумфирајќи над Стружанка. Мемов беше незадржлива на теренот и во голот на гостите имаше десет реализации.