ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: „Света војна“ во Полска – Висла Плоцк ќе го предизвика Келце

На денешната програма е големото ракометно дерби во Полска меѓу актуелниот првак Келце и Висла Плоцк.

Двете екипи последен пат силите ги одмерија на 3 јуни во финалниот дуел од Купот на Полска.

Тогаш избраниците на Хавиер Сабате го совладаа составот на Талант Душебаев со пет гола разлика, 30:25.

Келце и Висла Плоцк во досегашниот тек од сезоната во полскиот шампионат играат според посакуваното, имаат 16 од 16.

Низ Европа ќе се игра и во Бундес лигата, Франција, Русија, Србија, Швајцарија, Норвешка, Португалија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 АСТРАХАНОЧКА – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)

17:00 ЅВЕНИГОРОД – КРАСНОДАР (РУСИЈА)

18:00 МОШОНМАЃАРОВАР – НЕКА (УНГАРИЈА)

18:00 ФЈЕЛХАМЕР – КОЛСТАД (НОРВЕШКА)

18:15 ДРАМЕН – ЕЛВЕРУМ (НОРВЕШКА)

19:00 ЦИРИХ – ЗУР (ШВАЈЦАРИЈА)

19:00 ГЕПИНГЕН – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)

19:00 МЕЛСУНГЕН – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)

19:00 РАЈН НЕКАР – АЈЗЕНАХ (БУНДЕС)

19:00 ВЕЦЛАР – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)

19:00 ЛИНЦ – ГРАЦ (АВСТРИЈА)

19:30 ПАНЧЕВО – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)

20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)

20:00 ШАМБЕРИ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ЛИМОЖ – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)

20:00 НИМ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)

20:00 САРАН – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ДИЖОН – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ИВРИ – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)

20:30 КИЛ – ХАНОВЕР (БУНДЕС)

20:30 ГОГ – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)

20:30 КЕЛЦЕ – ВИСЛА (ПОЛСКА)

21:00 БЕНФИКА – ВИТОРИА (ПОРТУГАЛИЈА)