Репрезентациите на Данска и Норвешка одиграа спектакуларно полуфинале на Светското првенство 2023.
На пласман во финалето, кое ќе се одигра в недела, се радуваше актуелниот бранител на титулата, репрезентацијата на Норвешка.
Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 23:23, додека Норвешка по додадните десет минути игра конечно успеа да триумфира со 29:28.
Хени Реистад беше херојот на Норвешка, откако во последната секунда успеа да постигне фантастичен гол од девете метри.
24-годишната ракометарка која на клупско ниво настапува во Данска, поточно во Есбјерг, имаше неверојатна партија со дури 15 погодоци во мрежата на домаќинките.
Норвешка во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Шведска и Франција.
🦸♀️ 𝑾𝒉𝒂𝒕 𝒂 𝒘𝒐𝒎𝒂𝒏! 🇳🇴 With you, Henny Ella Reistad and a 𝒃𝒖𝒛𝒛𝒆𝒓-𝒃𝒆𝒂𝒕𝒆𝒓 to decide the semi-final in extra time 🤯#DENNORSWE2023 #aimtoexcite @NORhandball pic.twitter.com/oiykPZDggP
— International Handball Federation (@ihf_info) December 15, 2023
СП 2023: Трилер полуфинале – светскиот првак ќе ја брани титулата