Шампионот Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Прилеп славеше со 38:33 и победнички го затвори првиот дел од сезоната.
Пелистерци регуларниот дел во Супер лигата го завршија со 13 победи и еден пораз, оној од Вардар во првото коло.
Десниот бек Павле Петровиќ даде своја анализа за постигнатото во првиот дел од сезоната.
,,Што се однесува до првиот дел од сезоната, можам да кажам дека сигурно можевме подобро. Имавме шанса да завршиме први во групата, но со оглед на тешката полусезона што ја имавме зад нас, многу натпревари, многу патувања… горд сум на колегите и на целата екипа. Можам слободно да кажам дека моменталниот пласман на табелата нема да влијае негативно на нас и дека сме исто толку мотивирани како и на стартот со иста цел, а тоа е да бидеме први на крајоT”, изјави Петровиќ.
Босанскиот интернационалец вели дека плеј-офот ќе биде потежок за ралсика од првиот дел од сезоната, но се надева на одбрана на титулата.
,,Вториот дел од сезоната што не очекува ќе биде многу понапорен и потежок. Ќе имаме помалку натпревари во Лигата на шампионите, па ќе можеме повеќе да се фокусираме на домашното првенство. Пред нас е одговорна задача, а тоа е да ја одбраниме титулата и ќе се потрудиме да ја оствариме целта”, додаде Петровиќ.
Младиот ракометар имаше пофални зборови за екипата на Прилеп, која пружи голем отпор на пелистерци.
,,Прилеп е тим со потенцијал кој секогаш може да одговори на секој тим, што се виде тоа и вечерва. Дадовме се од себе во оваа полусезона, но и за овој натпревар. Се чувствува замор и време е за кратка пауза, па потоа се враќаме на обврските”, заврши Петровиќ.
Аплаузите за прилепчани, бодовите за битолчани за победнички крај на годината (ФОТОГАЛЕРИЈА)