По завршувањето на Самитот на ОБСЕ, кој минатата недела се одржуваше во Македонија во „Борис Трајковски“, овој спортски центар одново ќе биде отворен за спортистите и спортските натпревари.
Тоа значи дека и ракометните селекции во машка и женска сениорска конкуренција ќе се вратат во СЦ „Борис Трајковски“, а првиот официјален меч е на програмата на 29 февруари 2024 година со почеток во 18:00 часот.
Станува збор за натпреварот меѓу женската репрезентација на Македонија и Шпанија, кој е дел од квалификациите за ЕП 2024.
Македонија оствари две победи против Азербејџан и Литванија, па со една нога веќе е на ЕП, а двомечот со Шпанија ќе реши која репрезентација ќе биде на првото место.
Многу веројатно дека и дуелот со Литванија, со кој ќе бидат затворени квалификациите за ЕП 2024 ќе се игра во оваа сала во месец април, како и домашниот натпревар на машката сениорска репрезентација од баражот за СП 2025 во месец мај.