Данскиот вицепрвак Алборг официјално го објави новото засилување за следната натпреварувачка сезона.
Станува збор за младиот репрезентативец на Шведска, Феликс Мелер, кој со својата репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
21-годишниот ракометар моментално настапува за Савехоф и со шведскиот клуб веќе три сезони по ред настапува во Лигата на Европа.
Новата надеж на Шведска и раководството на Алборг се договорија на соработка со важност од три години.
Мелер во Алборг ќе биде замена за неговиот сонародник Јеспер Нилсен и минутажата на теренот ќе ја дели со Симон Халд и Рене Антонсен.
Нилсен на лето ќе го напушти данскиот клуб и во сезона 2024/25 ќе има нов предизвик во кариерата.