Тимот на Драчево предводен од левиот бек Лазар Стојанов со 13 гола славеше против Јехона со 42-34, во натпревар од 10 рунда во прволигашката конкуренција.
За гостите од Гостивар, Дамјан Наумовски постигна 17 погодоци но тоа беше премалку за позитивен резултат од ова тешко гостување.
Драчево најчесто ја имаше предноста во првиот, но гостите секогаш се враќаа во игра. Така беше и првите десетина минути од второто полувреме, пред избраниците на Велимир Настески да почнат да ја градат клучната предност.
По 25-25, драчевци погодија три пати во серија, потоа беше и 32-27 и веќе немаше назад за Јехона, па до крајот гледавме брзи напади и многу погодоци во двете мрежи.
Покрај Стојанов, во победничкиот состав се истакна и Димитар Петковски и Ѓорѓи Дука со по девет погодоци, додека во тимот на Јехона покрај Наумовски, добри партии имаа Салиу и Живкоски со по пет гола.
Драчево е сигурен патник во плеј-офот, се наоѓа на второто место со 24 бодови, додека Јехона е трета со 21 и останува на следниот натпревар да го потврди учеството во разигрувањето за Супер лига.