Во текот на неделата се одиграа само два натпревари од 4. коло во младинската лига во женска конкуренција, а еден беше одложен.
Вардар славеше против Шампион со убедливи 43-15. Леона Миленковска и Дона Тодоровска беа предводнички на Вардар со по седум гола, а за поразениот тим Берна Куч имаше шест погодоци.
Спартак беше подобар од Скопје со 38-27. Зорица Андовска со шест гола го предводеше победничкиот тим, додека четири ракометарки дадоа по пет погодоци. Во составот на Спартак, Стефани Ристиќ стрелаше седум пати.
Вардар и Ѓорче Петров се на првите две места на табелата во младинската лига и имаат по девет бода.
Потоа следуваат Спартак и Скопје со по шест бода, Куманово со три бода, додека Илинден Вардар и Шампион се без бодови.
Младинки, 4. коло, резултати:
Шампион – Вардар 15-43
Спартак – Скопје 38-27
Куманово – Ѓорче Петров одл.
Илинден Вардар слоб.