МВП НА 9 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ИВАН ГАЛЕВСКИ (АЛКАЛОИД)

Голманот на Алкалоид, Иван Галевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9 коло од Супер лигата.

Младинскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци и одбрани дури 17 удари на мечот со Охрид.

Тимот од Автокоманда, иако со мали проблеми, славеше против Охрид и ја продолжи победничката серија во Супер лигата.

Голманот освои 51% од гласовите, а прв конкурент му беше левото крило на Струга, Ненад Костоски, кој имаше околу 43% од гласовите.

Во трка за МВП на 9. коло беа уште Павле Петровиќ, Евгениј Темелкоски, Ласко Андоновски, Милан Лазаревски и Христијан Митревски.