Денес се комплетираше седмото коло во Лигата на шампионите кај дамите, а најголемо изненадување приредија екипите на Рапид Будукурешт, Дебрецин и Будуќност.
Романскиот вицепрвак на свој терен го совлада актуелниот бранител на титулата, тимот на Вајперс Кристијансад, со 30:29 и направи голем исчекор на табелата во групата Б, сега има седум бода на свое конто, ист број на бодови има и Крим Меркатор, па така двете екипи го делат четвртото место на табелата.
Вајперс Кристијансад на седум одиграни натпревари забележа четири порази, едно реми и само две победи. Норвешкиот шампион ќе мора да го даде максимумот на следните дуели и да одигра на високо ниво, со цел да не доживее елиминација уште во првата фаза од елитата.
Ракометарките на Будуќност на гостувањето во Франција кај Брест Бретањ покажаа голем карактер и одиграа реми, 20:20.
Иако избраничките на Бојана Поповиќ беа аутсајдери, сепак, покажаа дека можат да се носат и против квалитетни екипи со далеку поголем буџет и поквалитетен играчки ростер.
Овие две екипи, кои моментално се наоѓаат на 6, односно 7 место во групата А, следниот викенд ќе ја имаат втората пресметка, а домаќин ќе биде црногорскиот шампион.
Дебрецин, кој е третиот претставник од Унгарија во Лигата на шампионите одигра реми против ЧСМ Букурешт, 29:29. За унгарскиот тим ова беше голем бод, бидејќи моментално се наоѓа меѓу најдобрите пет екипи во групата А.
На останатите натпревари победа остварија екипите на ФТЦ, Оденсе, Есбјерг и Мец.
Лига на шампиони, 7 коло, резултати:
Ференцварош – Заглебје 35-22
Савехоф – Оденсе 20-44
Брест Бретањ – Будуќност 20-20
ЧСМ Букурешт – Дебрецин 29-29
Битигхајм – Ѓер 26-34
Рапид Букурешт – Кристијансанд 30-29
Икаст – Есбјерг 34-35
Крим – Мец 22-28