Тимот на Преспа Вардар прослави триумф во прволигашката конкуренција, откако со пресврт во вториот дел стигна до три бода на мечот со Астраион, 33-29.
Струмичани играа подобро во првото полувреме, го контролираа резултатот, а имаа и предност од пет гола, 12-7, но до паузата Преспа успеа да стопи дел од негативата.
На стартот на вториот дел домашните израмнија, но Астраион одново стигна до плус два, 25-23, но тука струмичани како да застанаа.
Преспа Вардар со четири гола во серија направи пресврт и поведе со 27-25, а до крајот умешно ја одржуваше предноста за три бода од овој натпревар.
Во моментите кога домашните правеа пресврт, Астраион остана без Ангелов, кој имаше три исклучувања и доби црвен картон
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бојан Поповски со девет и Филип Шиклевски со седум, додека кај Астраион се истакнаа Кире Георгиев со девет и Васе Наков со осум.