„Повик во репрезентација ќе значи и остварување на детскиот сон“

Десниот бек од Црна Гора, Мерис Бошњак, моментално, е еден од најдобрите стрелци во Супер лигата.

Членот на Струга во досегашниот тек од сезоната зад своето име има запишано 49 погодоци на девет одиграни натпревари.

Младиот ракометар, кој беше избран за најдобар стрелец на 51. издание на Струшкиот турнир, се надева дека еден ден ќе ќе облече дресот на сениорската репрезентација на неговата татковина.

,,Што се однесува до репрезентацијата, тоа е сон на секој спортист, јас ќе направам сѐ што е во моја моќ, ќе се трудам, ќе го давам максимумот, повторно велам, тоа е еден сон на сите нас, и секако, повик во репрезентацијата би зналело остварување на детскиот сон”, изјави Бошњак.

Целиот разговор со црногорскиот интернационалец може да го прочитате на линкот во продолжение.

Бошњак: Струга ми даде сѐ што му е потребно на еден млад играч