Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир за ЕХФ неделата и двомечот со селекцијата на Грција.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, ги сподел исвоите очекувања за подготвителниот период, во кој на дело ќе ги провери квалитетите на секој повикан играч.
,,Јас повикав 22 играчи на овој собир во ЕХФ неделата, каде што ќе немаме официјален натпревар, но сепак ќе имаме пријателски натпревари и ќе пробаме максимално да ја искористиме оваа недела и за тренинзи, но меѓутоа да видиме до каде сме и со натпреварите. За противник имаме сериозен противник, противник кој е во подем, тоа е репрезентацијата на Грција, која како што знаеме е учесник на Европското првенство. Мислам дека играчите од типот на Милан Лазаревски кој го заслужува повикот, еве повеќе време во дресот на Вардар покажа одлични игри и тоа на екстра квалитетни натпревари, натпревари во квалификациите од Лигата на Европа, против тим како Рајн Некар, потоа во мечеви против Пелистер. Тоа се квалитетни противници”, изјави Лазаров.
На списокот нема никакви изненадувања, а единствена новост беше десното крило од чешкиот Плзен, Никола Костески, кој по долго време се врати на репрезентативен список. Македонскиот стратег истканува дека и 8-те резервисти на списокот треба да бидат подготвени.
,,На овој собир тука е и постариот Костески кој што е најдобар стрелец во чешкото првенство, знаеме дека Чешка е сериозна ракометна нација, така што мислам дека заслужува шанса да му се даде, тој е на местата на нашата легенда Гоце Георгиевски и мислам дека треба некој достојно да го замени. Тој е тука заедно со неговиот брат Ненад, кој што е голем потенцијал и сакам да пробам уште неколку играчи. Списокот е подолг, ќе се скрати на 17, можеби и 18- 19 играчи, на кој што ќе сметам за ЕП. На списокот ставив резерви за секој случај. Ракометот е доста тежок спорт со многу контакти. Сакам да кажам дека и тие резерви што се ставени треба да бидат подготвени во секој момент ако се случи некоја повреда или слично, да одговорат на тоа што го бара националниот тим од нив. Ние ќе пробаме да ги искористиме овие денови максимално, да пробаме полека, но сигурно да се подготвиме за на она што не очекува на ЕП, се надевам дека ќе имаме добри подготовки, ни значи секој ден и секој тренинг”, додаде Лазаров.
Тој се надева дека дел македонските репрезентативци, оние кои не играат многу на клупско ниво, ќе имаат поголема минутажа во иднина.
“Мислам дека доста треба да за разговара на тоа прашање. Тоа е тоа што го имам. Јас се надевам дека македонските репрезентативци во иднина ќе добиваат поголема минутажа во своите клубови, не само на послаби натпревари, туку и на посилни. Тоа ни е битно за националниот тим. Но реков, што е тука е, ќе ја видиме моменталната ситуација и ќе пробаме до периодот што следува до 21 декември каде што ќе биде нашиот официјален прв собир за Европското првенство, да пробаме нешто со нашиот кондициски тренер, со нашиот медицински тим да да им даде нешто дополнително да работат. Да можат колку толку да надополнат таа минутажа што ја немаат посебно на квалитетни натпревари во нивните клубови”, истака Лазаров.
Македонија ја чека пријателски двомеч со селекцијата на Грција во рамките на ЕХФ неделата, а следен предизвик ќе биде настапот на Европското првенство во 2024 година во Германија.
Ракометарите на Македонија на континенталниот собир за ривали ги имаат репрезентациите на Германија, Франција и Швајцарија.
Лазаров прозиваше, сениорите се собраа за двомечот со Грција
Талески: Сите играчи сфатија што значи да се игра европски ракомет
Костески: Меѓу мене и брат ми нема конкуренција, кој и да игра – ќе бидам среќен