Со двете „врзани победи“ Голден Арт повторно е во игра за плејофот во првенството на Македонија, откако го преслуша Вардар Неготино со 31-24 (16-7). „Бело-црните“ имаат 13 бода, и се на два бода зад Пролет и Бутел кои ја делат третата позиција во Б групата. Тимот од Неготино останува фенерџија, со само три бода од девет натпревари.
После овој триумф, клучната недела за Голден Арт е периодот од 18 до 25 ноември. Тогаш треба да ги одигра двата натпревари со директните ривали, прво дома со Бутел, а потоа како гости со Пролет. Од тие мечеви ќе зависи дали Голден Арт првпат во клупската историја ќе разигрува за титулата. Овој дуел со Вардар Неготино повеќе делуваше како посилен тренинг.
На мечот во „Јане Сандански“ се беше решено во првото полувреме кога Голден Арт направи предност од 16-7 најавувајќи ем победа, ем висока триумф. Откако гостите го постигнаа првиот гол дури во 12 минута и намалија на 6-1 беше јасно дека момците предводени од тренерот Филип Глигоров ќе триумфираат. Беше само прашање на разликата на крајот од мечот.
Искусниот Златко Даскаловски го почна мечот со одбранет пенал, а потоа до крајот н апрвото полуврем еимаше уште осум успешни одбрани. На спротивната страна Александар Мицев имаше само една успешна одбрана. Скопјани делува ем мотивирано, ем воиграно, па на секој агрешка или не реализиран напад возвраќаа со гол.
Двоцифрената разлика, па и онаа околу „десетката“ им даде повеќе слобода на домашните, па некои топки што сите ги видоа во голот на гостите, завршија во рацете на голманите. Ако беа малку попрецизни сигурно можеа и повеќе да направат разлика. А кога веќе беше јасно дека победникот е решен, шанса за играње добија и „младинците“. Па во игра беа и Петар Стојаноски, Кристијан Стаменковиќ, Андреј Глигоров..
Во тимот на победникот најпрецизни беа Христија Милошевски со 8, и Мице Шилегов даде 5 гола. Кај гостите најмногу гола дадоа Петре Пеовски 8 и Драган Кузманов 6.
Сега следува пауза во првенството поради ЕХФ репрезентаивната недела, па Голден Арт патува во Битола кај Еурофарм Пелистер. Вардар Неготино е домаќин на Прилеп.
ТАБЕЛА Б група