Далипоска и Затуроска комбинираа 19 гола, Стружанка со цел плен се враќа од Гевгелија

Ракометарките на Стружанка запишаа победа на гостувањето кај Гевгелија во натпреварот од 6 коло од Женската лига со убедливи 39-24.

Гостинките уште од стартот си го фатија редот и поведоа со 4-0, а како одминуваше времето така ја зголемуваа предноста, која до паузата беше седум гола, 20-13.

Вториот дел мина во комплетна доминација на избраничките на Владимир Паноски, кои до крајот само рутински ја задржаа и зголемија предноста.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мендувие Далипоска со десет и Ивана Затуроска со девет погодоци.

Во составот на Гевгелија, каде црвен картон по три исклучувања доби Ступар во финишот на мечот, се истакнаа Димова и Динева со по седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080