Куманово победнички низ Штип

Македонскиот вицепрвак Куманово ја продолжи победничката серија во Женската лига и славеше на гости кај Астибо со 37-19.

Избраничките на Славиша Димитријески доминантно ги освоија трите бода на гостувањето во Штип и победата ја најавија уште по првиот дел.

Поведе Куманово со 10-1 и веќе немаше дилеми околу победникот, а до крајот на полувремето беше 25-8.

Вториот дел беше само формалност и гостинките само ја одржуваа високата разлика до конечната победа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јана Ѓошевска со осум и Адела Еленин со седум гола, додека кај Астибо, стандардно Марија Анчева беше најдобра со девет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР33009
2АСТИБО22006
3СКОПЈЕ42026
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20020
5СТРУЖАНКА30030