По шокантниот пораз од Кубан Краснодар минатото коло во руското првенство, шампионот ЦСКА Москва им се врати на победите.
Тимот на Сара Ристовска прослави триумф над незгодната Звезда Звенигород со 31-27 во натпревар од осмото коло.
Македонската репрезентативка го одигра целото прво полувреме и успеа да постигне пет погодоци во гостинската мрежа.
Десното крило во понеделникот се врати во Русија по квалификацискиот дуел со Литванија во неделата, а денеска веќе играше нов натпревар.
ЦСКА Москва сега е на второто место со 14 бода, исто толку има и лидерот Ростов Дон, но ЦСКА има меч повеќе.